Втора национална конференција за наставници

„Како системот оживува?“

🗓️ 30 ноември 2026 | 📍 Ресторан Парк – Скопје | 🕒 10:00 – 16:30 часот

Што е потребно за системот да „оживее“?

Ве покануваме да се пријавите за учество на Втората национална конференција за наставници „Како системот оживува?“ – простор за размена, инспирација и соработка меѓу наставниците од целата земја.

Оваа година конференцијата ќе го истражува прашањето:
👉 Како училиштето станува жива заедница во која наставниците, учениците, родителите и раководството соработуваат и учествуваат во одлуките?

Преку инспиративни предавања, презентирање на податоци, панел-дискусија, работилници и Даскалско кафе, ќе разменуваме искуства и заедно ќе осмислуваме решенија за секојдневните училишни предизвици. Во фокусот ќе бидат односите и комуникацијата, но и можностите за поактивна улога на стручните активи, ученичките совети, советите на родители и училишните одбори.

🎟️ Цена за учество: 600 денари.
Котизацијата овозможува пристап до целосната конференциска програма, како и делот за закуска и вмрежување!
Патните трошоци не се покриени и се на товар на учесниците.

📋 Пријавување:
Пријавете се преку СЛЕДНАВА ФОРМА ЗА ПРИЈАВА 
За да го обезбедите вашето учество на конференцијата, при пријавувањето уплатете ја котизацијата преку системот за он-лајн плаќање.

Местата се ограничени и ќе се пополнуваат според редоследот на пријавување, по принципот „прв пријавен – прв услужен“.

Дозволете си еден ден за инспирација, заедништво и нови перспективи!

Погледнете ја атмосферата на минатогодишната Национална конференција за наставници

Втората национална конференција за наставници се организира во партнерско на Здружение ЛЕАД и Фондација Конрад Аденауер

Go to Top