ПОТКАСТ: ДАСКАЛСКИ МУАБЕТИ
Поткастот „Даскалски муабети“ има за цел да ги инспирира наставниците и да ги внесе во светот на можностите што се нудат. Преку искрени разговори, лични приказни и практични совети, поткастот се стреми да го поттикне професионалниот развој на наставниците, да ги поврзе во силна заедница и да отвори простор за нови идеи и иновации во образованието.
Здраво од втората епизода од поткастот „Даскалски муабети“ насочена кон програмата „Клуб на наставници“ и можностите кои ги нуди.
Во вториот поткаст ќе чуете искуство од прва рака за влијанието на програмата „Клуб на наставници“ врз членовите, ќе ги дознаете можностите кои ги нуди оваа програма, а и ќе чуете зошто е важно да се користат можностите за личен развој кои се нудат за наставниците.
Добредојдовте во првата епизода од поткастот „Даскалски муабети“ со назив „Трансформативни приказни од наставниците“.
Во овој поткаст ќе имате можност да чуете искуствата на наставници од основно и средно училиште, да се инспирирате од успешни примери и да разберете како инвестирањето во личниот развој може да ви помогне да ги надминете предизвиците и да растете како професионалци!