ЗА ПРОГРАМАТА КЛУБ НА НАСТАВНИЦИ 2025

Клуб на наставници  уникатна програма насочена кон личен и професионален развој на наставниците од основните и средните училишта во Македонија. Програмата им нуди на наставниците простор за континуирано учење, споделување искуства и градење заедница на професионалци..

Клубот на наставници има за цел да создаде национална заедница на наставници која ќе го трансформира образованието во нашата земја. Со постојана поддршка, професионален развој и поттикнување на иновациите, клубот стреми да инспирира нови генерации наставници кои ќе ги мотивираат и водат учениците кон успех.

ШТО ЌЕ ВКЛУЧУВА ПРОГРАМАТА

10 ОБУКИ

Обуките ќе бидат на различни теми кои се од важност за развојот на наставниците. Обуките ќе се одржуваат он-лајн преку платформата ZOOM.

Ефективен менаџмент во училница

КОЦКАТА Е ФРЛЕНА! Користење на друштвени игри во наставата

Креирање на иновативни содржини со користење на вештачка интелигенција

Професионална соработка на наставниците

Родово-базиран булинг во училиштата и како да се справите

Стратегии и методи за работа со ученици со АДХД

Судир на генерациите! Како да се адаптираме на тоа што следи

три обуки по избор на наставниците- членови на програмата

5 регионални настани за вмрежување за споделување на добри пракси и примери во образованието

Членовите на Клубот за наставници ќе имаат можност да учествуваат на 5 регионални настани за вмрежување, кои ќе бидат организирани со цел да се поттикне соработката и размената на добри практики и примери во образованието. Овие настани ќе бидат во форма на дискусии, каде ќе се обработуваат релевантни теми поврзани со образованието, а учесниците ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и перспективи.

Настани за споделување мислења и градење ставови за важни образовни прашања и политики

Во рамките на програмата, два пати годишно ќе организираме онлајн настани, наменети за наставниците да споделат свои мислења и ставови за значајни образовни прашања и политики. Овие настани ќе претставуваат платформа за конструктивен дијалог и создавање заеднички позиции по клучни теми во образованието.

Можност за организација на локални настани за наставници

Во рамките на програмата, членовите на Клубот за наставници ќе имаат можност да организираат локални настани за наставници во нивниот град, со финансиска поддршка од програмата. Оваа иницијатива има за цел да ја зајакне заедницата на наставници преку размена на знаења, искуства и добри практики.

Можност за дополнителен платен ангажман како обучувач

Членовите на Клубот за наставници ќе имаат уникатна можност за дополнителен платен ангажман како обучувачи. Еднаш годишно, ќе биде објавен повик за членови кои сакаат да аплицираат и да станат обучувачи за други наставници, со обезбеден финансиски надомест за нивниот ангажман.

Пристап до онлајн вебинари на различни теми

Членовите на Клубот за наставници ќе имаат пристап до онлајн вебинари, кои опфаќаат разновидни теми релевантни за современото образование. Овие вебинари ќе овозможат наставниците да ги прошират своите знаења, да усвојат нови методи и стратегии и да се инспирираат за примена на иновативни практики во наставата. Почетно ќе бидат достапни 4 вебинари.

Пристап до датабаза од 50 едукативни материјали за наставници

Членовите на Клубот за наставници ќе добијат ексклузивен пристап до датабаза од 50 едукативни материјали, внимателно избрани и создадени за да го поддржат нивниот професионален развој и подобрување на наставната практика.

Пристап до CANVA PRO

Членовите на Клубот за наставници ќе добијат ексклузивен пристап до CANVA PRO, една од најпопуларните и најкористените алатки за дизајн, која им овозможува на наставниците да создаваат професионални и креативни материјали за својата настава.

Попусти до 30% на сите дополнителни обуки организирани од ЛЕАД

Членовите на Клубот за наставници ќе имаат ексклузивна можност да добијат попусти до 30% на сите дополнителни обуки кои ќе бидат организирани од LEAD. Оваа придобивка е наменета за наставниците кои сакаат да продолжат со својот професионален развој преку специфични и тематски обуки.

Сертификати за учество за секоја комплетирана обука

Членовите на Клубот за наставници ќе добијат сертификат за учество за секоја обука што ќе ја завршат во рамките на програмата. Оваа придобивка е дизајнирана да го признае вложениот труд на наставниците и да послужи како потврда за нивниот професионален развој.

Признанија и награди за најактивните наставници во клубот

Два пати годишно, во април и јули, ќе бидат избрани најактивните наставници кои се издвојуваат со својот ангажман и влијание.

Програмата Клуб на наставници е поддржана во рамки на проектот LEADing Forward: Зајакнување на капацитетите за одржлив развој со оперативен грант на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.