ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ

Заедница за развој и вмрежување!

Бесплатни вебинари за личен и професионален развој на наставници

Застани. Вдиши. Научи нешто ново.

Од промоција на училиштето, преку грижа за себе, до креативна настава — избери вебинар што ќе ти ја освежи мотивацијата и професионалниот раст.

Пријави се и вложи во себе!


ТЕМИ НА ВЕБИНАРИТЕ:

🤖 Како да привлечете идни ученици: промоција и маркетинг за наставници и училишта

Наставниците ќе научат практични начини за промоција на своето училиште и насоките што ги нудат. Обуката ќе им помогне да развијат комуникациски и маркетинг алатки за поголема видливост и привлечност пред идните ученици и нивните родители.

Обучувач: Крсто Златков, консултант за маркетинг и продажба и советник за личен и кариерен развој.

Датум:5 НОЕМВРИ, од 18.00ч до 20.00ч


💼 Финансиска училница (во соработка со Комерцијална Банка)

Вебинарот ќе им овозможи на наставниците да ги разберат основите на личните финансии, штедење и инвестирање. Ќе научат како да донесуваат подобри финансиски одлуки и како овие знаења да ги пренесат на учениците во наставниот процес.

Датум:6 НОЕМВРИ од 16.00ч до 17.00ч


🔐 Голем одмор за наставници: техники за ментален и телесен баланс

Наставниците ќе научат едноставни техники за релаксација, дишење и ослободување од стрес. Вебинарот нуди алатки за подобрување на фокусот, енергијата и целокупната благосостојба на наставниците.

Обучувач: Билјана Филиповска, телесен психотерапевт, терапевт по соматско искусување (Somatic Experiencing), психолог

Датум: 11 НОЕМВРИ од 18.00 до 20.00ч


📈 Гејмификација – користење на игри за развој на креативност и критичко размислување 

Наставниците ќе откријат како преку игри можат да ги поттикнат учениците на учење, соработка и креативно размислување. Вебинарот нуди конкретни примери и дигитални алатки за примена на гејмификација во наставата.

Обучувач: Нуша Стамејчич, наставник од Словенија
ВАЖНО: Вебинарот ќе се реализира на Англиски јазик

Датум:13 НОЕМВРИ од 18.00ч до 20.00ч


КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

Пријавете се преку СЛЕДНИОТ ЛИНК, најдоцна до 02 ноември 2025 година, до 23:59 часот.

Откако ќе се пријавите ќе ви биде испратен линк од ZOOM за пристап до обуките.

Сите наставници кои ќе присуствуваат на обуката/и ќе добијата СЕРТИФИКАТ/И.

Не ја пропуштајте оваа можност за лично и професионално унапредување и учествувајте на вебинарите кои се од ваш интерес!

Ве очекуваме 🙂


ШТО Е КЛУБ НА НАСТАВНИЦИ?

Клуб на наставници е ЗАЕДНИЦА во која членуваат наставници од основни и средни училишта. Во изминатите 5 години, преку 700 наставници беа дел од Клубот. 

Клубот се базира на годишна програма преку која наставниците добиваат обуки, пристап до материјали, алатки и други поволности. 

Повикот за Клуб на наставници 2026 ќе биде објавен на 20 ноември 2025 година.

Go to Top