1. Општи одредби
1.1. Со аплицирање за учество во програмата „Клуб на наставници“ (во понатамошниот текст: Програмата) и плаќањето на чланарината, секој учесник (во понатамошниот текст: Член) се согласува со овие Услови за користење.
1.2. Програмата е организирана од Здружението „Лидери за едукација, активизам и развој“ (во понатамошниот текст: Организатор).
1.3. Програмата е наменета за наставници од основните и средните училишта во Република Северна Македонија.
2. Членство и чланарина
2.1. Висината на чланарината, предвидените попусти и придобивките за членовите се дефинирани и јавно достапни на официјалната веб-страница на Програмата: www.klubnanastavnici.lead.org.mk
2.2. Членарината се плаќа еднаш годишно и е неповратна, освен во случај на грешка направена од страна на Организаторот.
2.3. Секој Член може да го обнови членството по истекот на календарската година.
3. Права и обврски на членовите
3.1. Членовите имаат право на:
- Пристап до сите межности предвидени во рамките на Програмата.
- Учество во дополнителни проекти и настани организирани во рамки на Програмата.
3.2. Членовите се обврзуваат да:
- Ги почитуваат правилата и процедурите на Програмата.
- Не ги споделуваат или злоупотребуваат ресурсите и материјалите стекнати преку Програмата, без претходна согласност од Организаторот.
4. Приватност и заштита на податоци
4.1. Организаторот гарантира заштита на личните податоци на Членовите согласно Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
4.2. Податоците собрани при аплицирањето ќе се користат исклучиво за потребите на Програмата и нема да бидат споделени со трети лица без согласност на Членовите.
5. Прекин на членството
5.1. Организаторот го задржува правото да го прекине членство во програмата на Член кој не ги почитува Условите за користење.
5.2. Членот може во секое време да се откаже од Програмата, но чланарината нема да биде вратена, освен во случај на грешка направена од страна на Организаторот.
6. Етички стандарди
6.1. Секој Член се обврзува да промовира и почитува етичко и професионално однесување во рамките на Програмата.
6.2. Етичките стандарди вклучуваат:
- Почитување на различностите и недискриминаторско однесување.
- Избегнување на говор на омраза, лични навреди, или какво било друго неетичко однесување.
- Придржување до принципите на чесност и транспарентност.
6.3. Организаторот го задржува правото да санкционира неетичко однесување, вклучувајќи предупредување, суспензија или трајно исклучување од Програмата.
7. Промени на Условите за користење
7.1. Организаторот го задржува правото да ги менува овие Услови за користење во било кое време.
7.2. Сите промени ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на Програмата и ќе стапат на сила по нивното објавување.
8. Ограничување на одговорност
8.1. Организаторот не одговара за евентуални технички или организациски проблеми кои се надвор од негова контрола.
9. Контакт информации
9.1. За сите прашања и дополнителни информации, Членовите можат да се обратат на:
- Е-пошта: [email protected]
- Телефон: 070 868 486
Со аплицирање и плаќање на чланарината, потврдувате дека сте ги прочитале и разбрале овие Услови за користење и дека целосно се согласувате со нив.