Mindfulness и управување со стрес во наставничката професија
ОПИС НА ОБУКАТА
Mindfulness – свесно присуство во моментот – е практична вештина што им помага на наставниците да останат стабилни, фокусирани и психо-емоционално „заштитени“ во динамиката на училницата. Во професија полна со одговорности, притисоци и постојано давање за другите, управувањето со стресот не е луксуз, туку предуслов за одржливост. Оваа онлајн интерактивна работилница ќе ти помогне да ја препознаеш сопствената состојба, да создадеш простор помеѓу стимул и реакција и да изградиш едноставни навики за лична благосостојба.
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?
Преку оваа обука ќе научиш:
Како да ги препознаеш личните сигнали на стрес, преоптоварување и професионален замор
Како да ги препознаеш своите стрес-тригери и телесни/емоционални реакции во реално време
Mindfulness техники за саморегулација, емоционална стабилност и подобар фокус во работниот ден
Брзи, практични вежби за психо-физичка регулација што можеш да ги примениш веднаш (на пауза, пред час, после тежок разговор)
Како да креираш личен план за одржување благосостојба и одржливи навики за лична грижa