Обука за тренинг за тренери и коучинг

Тренер или обучувач е професија во која едно лице или повеќе лице пренесуваат вештини и знаења за одредена група. Со самото тоа професијата на тренер е компатибилна и со професијата наставник.

ОПИС НА ОБУКАТА

Да се биде тренер може да биде предизвикувачка професија. Задачата на тренерот е да направи учесниците навистина учат, а тоа не се случува само по себе.

Да се биде тренер не се учи на ниту еден факултет, туку тоа е контиунирана пракса на самоподобрување преку држење на обуки и учење од тие искуства.

Коучинг (Coaching) најчесто не поврзува со спортот и со подобрување на спортските перформанси. Но во последните години се интензивира неговото користење во сите аспекти на подобрување на продуктивноста.

Коучингот е процес насочен кон подобрување на перформансите на одредено лице (ученик, студент, клиент) и преку него се гради свеста за правење на избори и поттикнување на промени.

ШТО ЌЕ НАУЧИШ?

Преку оваа обука ќе научиш:

  • Вештини за подготовка на тренинг програма;
  • Вештини за спроведување на тренинг активности;
  • Вештини за фасилитирање и вадење заклучоци;
  • Вештини за користење на коучинг алатки, техники и пристапи при работа со индивидуи;
  • Модели на коучинг;
  • Алатки за дијагноза;
  • Алатки за интервенција;
  • Поставување на прашања;
  • Концепт на Lazy Coach;
  • Идентификација на сопствени точки за подобрување;
  • Практични сесии со други учесници;
  • Еден-на-еден предизвици;
  • Развивавање на сопствен стил на тренер;
  • Подобрување на вокални и презентациски аспекти;
  • Насоки за менаџирање на тешки учесници;
  • Одржување на динамика во групата;
  • Вршење на структурирани рефлексии;
  • Развој на тренерска програма.
Go to Top