Развивање на критичко размислување во контекст на меѓународни тестирања на ученици
Меѓународните тестирања, како ПИСА кое е застапено во нашето образование, не ја мерат само репродукцијата на знаење, туку способноста на учениците да размислуваат, анализираат и применуваат знаење во реални ситуации. Оваа обука е насочена кон наставници кои сакаат да ја развиваат функционалната писменост и критичкото размислување кај своите ученици, преку наставни стратегии што се применливи во секојдневната настава – не како „подготовка за тест“, туку како квалитетно учење.
Што ќе научиш?
– Што навистина значи критичко размислување во училиштен контекст
– Како да дизајнирате задачи што бараат анализа, аргументација и примена
– Како да ги насочите учениците да размислуваат, а не само да одговараат