ОЦЕНУВАЊЕ И РАЗВОЈ

Обука за личен развој
Инвестицијата во себе е најисплатливата инвестиција!
Преку оваа обука ќе научите како континуирано да го следите вашиот личен развој, ќе научите алатки за само-подобрување кои можете да ги користите со вашите ученици.
– Вештини за поттикнување на личен развој
– Вештини за креирање на план за личен развој
– Вештини за спроведување активности за континуиран личен развој

Обука за оценување и евалуација на наставата
Кои се фактори ги земате предвид кога го евалуирате знаењето на учениците и ја дефинирате нивната оценка? Оваа обука ќе ви овозможи:
-Да ги дознаете стиловите на на учење кои ќе ви користат при работа со учениците ,
– Свесност за вашиот стил на предавање, но и како да направите
– Евалуација на вашата работа со учениците во текот на училишната година.
– Вештини за проценка на различни стилови на учење
– Вештини за подетална евалуација на знаењето
– Вештини за самоевалуација на работата

Обука за системско размислување и работа со луѓе
Сте размилиле ли која е вашата улога во училиштето, домот и општеството и какви интеракции имате во тие системи?
Кои се предизвиците кои ги имате, но и предизвиците кои ги имаат вашите ученици во рамки на тие системи?
Преку оваа обука ќе можете да идентификувате шаблони на однесување кои се повторуваат кај луѓето и како истите да ги искористите за да направите промена.
– Вештини за анализа на вашата улога во системите од кои сте вие дел (училиште, фамилија, општество)
– Вештини за анализа на однесувања и насоки за подобрување

Обука за кариерен развој и кариерно советување
Колку сте подготвени да им помогнете на вашите ученици да го продолжат својот кариерен пат по завшувањето на средното образование? Оваа обука ќе стекнете:
– Техники за работа на кариерен развој на учениците,
– Дефинирање на кариерен план,
– Поставување на кариерни цели и креирање на конкретни идни кариерни чекори, користејќи конкретни алатки за кариерно советување.
– Ветшини за кариерно советување на ученици
– Вештини за користење на алатки за кариерен развој на ученици
– Вештини за менторирање на ученици во насока на кариерен развој и советување
ФЛЕКСИБИЛНОСТ, ПРИСПОСОБЛИВОСТ ГРИЖА И ИНКЛУЗИВНОСТ

Обука за предавање на контроверзни теми во училница
Како реагираш кога ќе почне да се зборува за дроги, брак, етнички конфликт, историски личност итн?
Оваа обука нуди можност за наставниците да научат како да ги предаваат овие теми на часовите и да фацилитираат дискусии со нивните ученици кои ги опфаќаат овие теми.
– Вештини за фацилитирање дискусии
– Вештини за поттикнување критичко мислење кај ученици
– Вештини за предавање на сензитивни теми

Обука за користење на неформални методи и алатки за време на часови
Веруваме дека неформалното образование има примена во училишните клупи и на часовите. Со оваа обука нудиме конкретни вежби и активности кои ќе ви помогнат на забавен начин да ги вклучите учениците. Преку оваа обука ќе научите
- Вежби за интеракција со ученици
- Начини на вклучување на пасивни ученици
Моделирање на часот по принцип на неформален пристап
– Вештини за адаптирање на часот на потреби на ученици
– Вештини за користење интерактивни методи на предавање

Креирање задачи базирани на животни ситуации - интердисциплинарност во наставата.
Кој вели дека математиката мора да биде бројки и равенки а хемијата тешки дефиниции?
Преку обуката ќе научите како да користите интердисциплинарни примери на своите часови (на пр. користење на физички вежби по биологија, користење на хемија по англиски итн.)
– Вештини за користење на интердисциплинарен пристап во наставата
– Вештини за креирање задачи за интегративен и рефлективен пристап во наставата
– Вештини за практикување на дидактика базирана на животни ситуации

Психолошко советување при работа со ученици
Колку се грижиме за менталното здравје на учениците? Обуката има за цел на наставниците да им даде техники и алатки за препознавање на различни психички состојби кај учениците и поддршка на менталното здравје на истите, преку психолошко советување и директна работа со нив.
– Вештини за препознавање на психолошки состојби кај учениците
– Вештини за користење на техники за психолошко советување на ученици
– Вештини за директна работа со ученици на грижа за менталното здравје
КОМУНИКАЦИСКИ И ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ВЕШТИНИ

Обука за мотивирање на ученици во настава
Вклученоста на учениците во наставата игра улога во дефинирањето на нивната оценка, но колку ги мотивираме учениците и поттикнуваме нивно активно учество на часот? Преку оваа обука ќе стекнете вештини, но и конкретни алатки за мотивирање на учениците за активно учење за време на часот, преку нивна поголема вклученост во предавањата.
– Вештини за мотивација на ученици
– Вештини за вклучување ученици во наставата
– Вештини за препознавање на мотивациски фактори кај учениците

Обука за критичко размислување
Да критикуваш или критички да пристапиш? Делува можеби исто но не е исто.
Стекнете вештини за градење и јакнење на критичкото размислување на учениците, преку користење на критички осврт кон темите кои се обработуваат за време на наставата.
– Вештини за поттикнување критичко размислување кај ученици
– Вештини фацилитирање на дискусии со ученици
– Вештини за аналитички осврт

Ментално здравје за наставници
Менталното здравје е подеднакво важно за наставниците колку и за учениците.
Колку наставниците се грижат за своето ментално здравје и како се справуваат со секојдневните предизвици од нивната работа? Оваа обука ќе ви понуди механизми и техники за грижа за вашето ментално здравје и справување со предизвиците на работното место и намалување на штетите од истите по вашето ментално здравје.
– Вештини за грижа за менталното здравје
– Вештини за справување со секојдневни предизвици
– Вештини за нега и самопомош

Обука за менаџирање на однос со родители
Во последните 10 години родителите се се повклучени во интеракцијата со наставници. Само тоа си носи свои предности но и предизвици.
Преку обуката ќе стекнете вештини за справување со предизвиците кои произлегуваат од влијанието на родителите врз вашата работа, притоа зачувувајќи си го интегритетот и авторитетот како наставник и одржувајќи добри односи со родителите на вашите ученици.
– Вештини за асертивна комуникација
– Вештини за конструктивен дијалог со родители
-Вештини за справување со предизвици кои произлегуваат од улогата и влијанието на родителите
УПРАВУВАЊЕ СО УЧИЛНИЦА, ФАСИЛИТИРАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ

Обука за фасилитирање на часови и дискусии
Фасилитација е вештина што не се учи на ниту еден факултет, а има примена во секој аспект од животот.
Колку предавањата за време на часот се темелат на интеракција и дискусија со учениците?
Стекнете вештини за спроведување на вашите предавања преку фасилитирана дискусија со учениците и нивен активен придонес кон часот, научете конкретни техники за успешна фасилитација на дискусиите на часот и за вадење на научени лекции од дискусиите.
– Вештини за користење на интерактивни методи на предавање
– Вештини за поттикнување дискусија на учениците
– Вештини за фасилитирање на дискусии со учениците

Прокрастринација - манифестации во однесување и стратегии за справување
Зошто ја одложуваме работата и задачата која ни е дадена?
Во колкава мера забележувате континуитет во учењето на учениците во текот на целата училишна година? Обуката нуди вештини за препознавање на знаци на прокрастинација и манифестации во однесувањето и конкретни методи за справување со истите.
– Вештини за справување со прокрастинацијата
-Вештини за препознавање на различни манифестации во однесувањето
– Вештини за поттикнување континуитет во работењето

Обука за поставување на прашања и водење рефлексии со ученици
Луѓето не учат од искуство, туку од размислувањето (рефлексија) за тоа искуство.
Дали знаеме да поставуваме прашања кои поттикнуваат рефлексија кај учениците за нивното учење? Оваа обука ќе ви понуди вештини за структурирање на прашања со кои ќе ги поттикне учениците да рефлектираат на искуствата и на учењето, а со тоа да го максимизираат ефектот на учењето.
– Вештини за креирање и поставување на рефлектирачки прашања
– Вештини за спроведување на рефлексија
– Вештини за фасилитирање на дискусија

Обука за пишување на проекти
Донатори, апликации, обуки, Еразмус+?
Имаш слушнато за овие нешто но сеуште до крај на ги разбираш?
Преку оваа обука ќе стекнете вештини за развивање на проекти и пишување на проектни апликации за различни донатори кои поддржуваат активности спроведувани пред се од училиштата.
– Вештини за развој и дизајн на проекти
– Вештини за пишување на проектни апликации
– Вештини за препознавање на можностите понудени од донаторите
УПРАВУВАЊЕ СО УЧИЛНИЦА, ФАСИЛИТИРАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ

Обука за менаџирање со време
Немаш време за сите работи што сакаш да ги направиш? Се чувствуваш хаотично пробувајќи да ги совладаш сите обврски?
Преку оваа обука ќе стекнете свесност за вашето време, за справување со сите фактори кои ви го „крадат“ времето и за стекнување целосна контрола на вашето секојдневие.
– Свесност за концептот време
– Вештини за приоретизирање и ефективно планирање на времето
– Вештини за препознавање и справување со „крадци на време“

Планирање на настава
Колку се грижиме и имаме вештини за квалитетно и ефективно планирање на наставата? Оваа обука ќе им помогне на наставниците, особено на оние без или со мало работно искуство, ефективно и квалитетно да ги креираат своите наставни планови за спроведување на часовите со ученици, со цел да постигнат максимален ефект во наставата.
– Вештини за ефективно планирање на наставата
– Вештини за квалитетно планирање на наставни планови

Обука за изработка на индивидуален план за развој на ученици
На некои ученици им оди подобро, а гледате дека некои малку се мачат? Како да го поттикнете развојот на сите учениците подеднакво?
Преку оваа обука ќе стекнете вештини со кои ќе ги поттикнете и ќе им помогнете на вашите ученици да креираат индивидуален план за нивниот развој, преку тимска работа која вклучува повеќе чинители на образовниот процес.
– Вештини за креирање на индивидуални развојни планови
– Вештини за работа со ученици за нивен континуиран развој
ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИДОБИВКИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД ПАКЕТОТ ЗА МАСТЕР ЧЛЕНОВИ

Обука за тренинг за тренери (тридневна и во живо)
Тренер или обучувач е професија во која едно лице или повеќе лице пренесуваат вештини и знаења за одредена група. Со самото тоа професијата на тренер е компатибилна и со професијата наставник.
Да се биде тренер може да биде предизвикувачка професија. Задачата на тренерот е да направи учесниците навистина учат, а тоа не се случува само по себе.
Да се биде тренер не се учи на ниту еден факултет, туку тоа е контиунирана пракса на самоподобрување преку држење на обуки и учење од тие искуства.
Преку ова тридневно искуство ќе можете да научите;
- Развивавање на сопствен стил на тренер
- Подобрување на вокални и презентациски аспекти
- Насоки за менаџирање на тешки учесници
- Одржување на динамика во групата
- Вршење на структурирани рефлексии
- Развој на тренерска програма
- Вежби, алатки и материјали за идни тренинзи
- Персонализиран фидбек за секој учесник
– Вештини за подготовка на тренинг програма
– Вештини за спроведување на тренинг активности
– Вештини за фасилитирање и вадење заклучоци

Обука за Коучинг (дводневна онлајн)
Коучинг (Coaching) најчесто не поврзува со спортот и со подобрување на спортските перформанси. Но во последните години се интензивира неговото користење во сите аспекти на подобрување на продуктивноста.
Коучингот е процес насочен кон подобрување на перформансите на одредено лице (ученик, студент, клиент) и преку него се гради свеста за правење на избори и поттикнување на промени.
Преку ова дводневно искуство ќе можете да научите;
- Модели на коучинг
- Алатки за дијагноза
- Алатки за интервенција
- Поставување на прашања
- Концепт на Lazy Coach
- Идентификација на сопствени точки за подобрување
- Практични сесии со други учесници
- Еден-на-еден предизвици
- Задачи за примена на наученото
– Вештини за користење на коучинг алатки, техники и пристапи при работа со индивидуи

Еден-на-еден коучинг сесии (по две за секој наставник кој е дел од Мастер програмата)
Еден-на-еден коучинг сесиите се персонализирано искуство низ кое ќе можете подлабоко да размислите за вашите перформански на личен и професионален план.
Сесиите се во времетраење од 45 минути и се водат по структуриран модел кој на крајот ќе ви придонесе да развиете конкретни акции и план за личен раст и развој.
– Идентификување на сопствени точки за подобрување
-Развој на конкретни акции за подобрување на личен и професионален план
ПРОГРАМА НА КЛУБОТ
Програмата и индикативна. Точните датуми ќе бидат договарани во консултација со членовите на клубот. Сите обуки, освен обуката за мастер тренери, се предвидени да се реализираат онлајн
| Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Нов | Дек | Јан |
Обука за личен развој | ![]() | ||||||||||
Обука за оценување и евалуација на наставата | ![]() | ||||||||||
Обука за системско размислување и работа со луѓе | ![]() | ||||||||||
Обука за кариерен развој и кариерно советување | ![]() | ||||||||||
Обука за предавање на контроверзни теми во училница | ![]() | ||||||||||
Обука за користење на неформални методи и алатки за време на часови | ![]() | ||||||||||
Креирање задачи базирани на животни ситуации – интердисциплинарност во наставата. | ![]() | ||||||||||
Психолошко советување при работа со ученици | ![]() | ||||||||||
Обука за мотивирање на ученици во настава | ![]() | ||||||||||
Обука за критичко размислување | ![]() | ||||||||||
Ментално здравје за наставници | ![]() | ||||||||||
Обука за менаџирање на однос со родители | ![]() | ||||||||||
Обука за фасилитирање на часови и дискусии | ![]() | ||||||||||
Прокрастинација – манифестации во однесување и стратегии за справување кај учениците | ![]() | ||||||||||
Обука за поставување на прашања и водење рефлексии со ученици | ![]() | ||||||||||
Обука за менаџирање со време | ![]() | ||||||||||
Планирање на настава (препорачано за нововработени наставници) | ![]() | ||||||||||
Обука за изработка на индивидуален план за ученици | ![]() | ||||||||||
Обука за пишување на проекти | ![]() | ||||||||||
ДОПОЛНИТЕЛЕН РАСПОРЕД ЗА МАСТЕР ПРОГРАМА | |||||||||||
Обука за тренинг за тренери | ![]() | ||||||||||
Обука за Коучинг | ![]() | ||||||||||
Еден-на-еден коучинг сесии | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() | ![]() |