Родители, колеги, ученици: менаџирање на односи за ефективна соработка
Наставничката професија не се состои само од настава, туку и од постојана комуникација и соработка со луѓе – родители, колеги, ученици и раководство. Тешките разговори, недоразбирањата и конфликтите се дел од секојдневието, но со соодветни комуникациски вештини тие можат да се претворат во можности за градење доверба и партнерство. Оваа обука нуди практични алатки за професионална и смирена комуникација во училишна средина.
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?
- Како да водите тешки разговори без конфликт и одбрана;
- Техники за асертивна и јасна комуникација;
- Поставување професионални граници со родители и колеги;
- Градење соработка и доверба во училишната заедница