Инклузивна училница: препознавање и поддршка на различни начини на учење
ОПИС НА ОБУКАТА
Современата училница е простор на различности – ученици со различни способности, темпо на учење, мотивација и стилови на размислување. Инклузивниот пристап не значи дополнителен товар за наставникот, туку поефективна и поправедна настава за сите ученици.
Оваа обука им помага на наставниците да препознаат различни начини на учење и да применат практични стратегии за поддршка, без етикетирање и без комплицирани процедури.
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?
Преку оваа обука ќе научиш:
- Како да препознаете различни стилови и темпа на учење кај учениците;
- Практични прилагодувања и стратегии за поддршка на ученици со тешкотии во учењето (вкл. дислексија, внимание, мотивација);
- Како да создадете безбедна и поддржувачка училница за сите ученици