Судир на генерациите! Како да се адаптираме на тоа што следи

Интерактивна обука која ги истражува динамиките помеѓу различните генерации во образовниот процес. Соочени со новите предизвици што ги носат технолошките промени и социјалните трендови, наставниците се наоѓаат во улога на мост помеѓу генерации со различни вредности, очекувања и начини на учење.

Обуката е креирана за да понуди алатки, техники и пристапи кои ќе им помогнат на наставниците не само да ги разберат генерациските разлики, туку и да ги искористат како предност во создавањето на иновативна и мотивирачка училница

ШТО ЌЕ НАУЧИШ?

Оваа обука ќе опфати:

Запознавање со генерациите

  • Краток преглед на генерациските групи: Baby Boomers, Генерација X, Милениумци, Генерација Z и Генерација Алфа
  • Карактеристики, вредности и предизвици на секоја генерација.

Како се манифестира судирот на генерациите?

  • Воочување на генерациските разлики во комуникација, учење и мотивација.
  • Чести ситуации и предизвици со кои наставниците се соочуваат.

Современи пристапи за наставата

  • Адаптација на наставните методи според генерациските потреби.
  • Употреба на дигитални алатки и иновации за Генерација Z и Алфа.

Комуникациски стратегии

  • Како да се надминат недоразбирањата и да се гради позитивен однос со ученици од различни генерации.
  • Емпатија и активно слушање како клучни алатки.

Подготовка за иднината

  • Како наставниците да останат релевантни во ера на брзи промени?
  • Градење на адаптибилен и инклузивен пристап кон наставата.

ЗАПОЗНАЈ ГО ОБУЧУВАЧОТ

Иван јованов

Искусен едукатор, младински работник, тренер и фасилитатор со страст за креирање едукативни програми и искуства. Неговата работа е фокусиран аналичен и организациски развој, иновативни методологии за предавање, ефективна комуникација, младински активизам и развој на програми.

Со повеќе од 14 години искуство во граѓанскиот сектор во Северна Македонија, Иван во својата кариера придонесе за унапредување на младинското учество и образованието. Како човек кој сака да создава иницијативи од нула и со својот фокусиран пристап, ориентиран кон резултати, има придонесено за основањето и зајакнувањето на три организации:

  • ЛЕАД (Лидери за едукација, активизам и развој),
  • Младите можат и
  • Националниот младински совет на Македонија.

Во моментов, Иван е извршен директор на ЛЕАД, каде што продолжува да го подобрува образованието, активизмот и развојот низ целата земја.