Стратегии и методи за работа со ученици со АДХД

Учениците со АДХД често имаат потешкотии во следење на наставната програма и во задржување на вниманието. Ова може да влијае на совладување на академските знаења во училницата, како и на социјалните и емоционалните односи со врсниците.

Оваа обука има за цел да помогне на наставниците да ги идентификуваат специфичните потреби на овие ученици и да ги применат практични стратегии за подобрување на нивното учење и социјализација во училница. Целта на програмата е да обезбеди кај наставниците знаења и практични алатки за ефикасно работење со ученици кои имаат АДХД, со посебен акцент на:

  • Разбирање на карактеристиките на АДХД и неговото влијание на учењето.
  • Развивање стратегии  за поддршка на учениците со АДХД.
  • Применување на техники за подобрување на концентрацијата, вниманието и организацијата во училница.

ШТО ЌЕ НАУЧИШ?

По завршувањето на обуката, учесниците ќе:

  • Знаат кои се основните симптоми и карактеристики на АДХД.
  • Знаат како да распознаваат различни видови на АДХД и нивното влијание на ученикот.
  • Применуваат стратегии кои се најефикасни за зголемување на концентрацијата и учењето на учениците со АДХД.
  • Се здобијат со алатки за подобро управување со дисциплината и организацијата во училницата.
  • Развијат техники за поттикнување на позитивно однесување и социјализација меѓу учениците со АДХД.

ЗАПОЗНАЈ ГО ОБУЧУВАЧОТ

Марија Давчевска

Специјален едукатор и рехабилитатор, наставник ментор, реедукатор по психомоторика, сертифициран тренер, обучувач од повеќе области. Учество на шеесетина семинари, конгреси, симпозиуми и конференции во земјата и странство од областа специјалната едукација и рехабилитација, како и реализатор на меѓународни и национални проекти за лицата со различен тип на попреченост.

Има објавени повеќе од триесетина научно исражувачки трудови во домашната и странската периодика како автор и коавтор.

Добитник е на награди:

  • Плакета од Влада на РС Македонија, Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, за вонредни ангажирања и придонес во унапредувањето на воспитно-образовната дејност – 2022
  • Признание за истакнат просветен работник од Сојуз на просветни работници на Република Северна Македонија 2022 
  • Добитник на награда од град Велес- 9ти Ноември 2022