Родово-базиран булинг во училиштата и како да се справите со истиот
Булингот, кој е присутен во училиштата денеска е различен од генерација до генерација, и е подложен на социјални и културни влијанија во даден временски период.
Оваа обука ќе има за цел да ги разграничи различните форми на булинг кои постојат, посебно оние кои се разликуваат на база на род, и да им даде конкретни алатки на наставничките и наставниците, како најлесно да го препознаат ова насилство, како да постапат по истото и превентивни техники за елиминирање на идни форми на булинг.
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?
Учеството на оваа обука ќе ви обезбеди техники и вештини за:
- Препознавање на различни форми на родово базиран булинг меѓу учениците
- Справување со овој тип на булинг помеѓу различните родови
- Користење превентивни мерки за спречување на ваков тип на булинг во иднина
- Препознавање родови улоги и родова стереотипизација во наставните програми и наставата
ЗАПОЗНАЈ ГО ОБУЧУВАЧОТ
Андреа Угриноска
Андреа има повеќегодишно исксутво во невладиниот сектор и со алатката на неформално образование. Како поранешна заседавачка на советодавното тело на млади при Советото на Европа, работеше на препостување на јазот помеѓу чинителите кои имаат моќ да носат одлуки на национално ниво и гласот и мислењето на младите активисти во Европа.
Беше дел и од надзорниот одбор на РИКО, каде што ја советуваше канцеларијата на инклузивни методи на младинско учлество за своето управување. Од неодамна се бави и со екологија и родова еднаквост, преку правње стратегии на невладини организации и бизнис секторот за подобрување на овие аспекти.
Моментално е Извршна Директорка во Тиииит!инк. – здружение за промоција на женската активност во културата. Андре а е сертифициран тренер за неформално образование.