ПОНУДА НА ОБУКИ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА

Клубот на наставници настана во 2021 години од потребата за поддршка на личниот и професионален развој на наставниците. Како организацијата работиме со наставници веќе 7 години и самата програма и темите кои се нудат е нешто кое им е потребно на наставници, но не се нуди низ образовниот систем ниту од други понудувачи на обуки.

Klub-za-nastavnici_nastavnici-01.png

Ментално здравје за наставници

Менталното здравје е подеднакво важно за наставниците колку и за учениците.

Колку наставниците се грижат за своето ментално здравје и како се справуваат со секојдневните предизвици од нивната работа? Оваа обука ќе ви понуди механизми и техники за грижа за вашето ментално здравје и справување со предизвиците на работното место и намалување на штетите од истите по вашето ментално здравје.

– Вештини за грижа за менталното здравје

– Вештини за справување со секојдневни предизвици

– Вештини за нега и самопомош

Професионален модел на вработен во образование

Во време на  отсуство на интегритет во сите аспекти на наставната улога, се актуелизизираа дилеми каков треба да биде профилот на кадарот кој треба да ги реализира наставните програми, дали постојат стандарди за квалитет и професионализам. Идејата на оваа обука е да креираме професионални модели на вработени во образованието кои поседуваат знаења и вештини за да се истакнат во нивните модели на улоги и ќе помагаат на останатите наставници да  се унапредуваат во нивните кариери.

Со оваа обука ќе стекнете: 

 

– Дефинирање на професионален план на вработен и важноста на професионализам во наставата,

– Детектирање на неопходни вештини на професионалниот модел на вработен, 

– Поставување на професионални цели и креирање на креирање план за професионален модел на вработен, користејќи конкретни алатки за професионален модел на вработен во образованието.

-Вештини за професионален модел на вработен

-Вештини за користење на алатки за професионален модел на вработен 

-Вештини за менторирање на наставници кои ќе се истакнат во нивните модели на улоги и ќе помагаат на останатите наставници да  се унапредуваат во нивните кариери.

Психолошко советување при работа со ученици

Колку се грижиме за менталното здравје на учениците? Обуката има за цел на наставниците да им даде техники и алатки за препознавање на различни психички состојби кај учениците и поддршка на менталното здравје на истите, преку психолошко советување и директна работа со нив.

– Вештини за препознавање на психолошки состојби кај учениците

– Вештини за користење на техники за психолошко советување на ученици

– Вештини за директна работа со ученици на грижа за менталното здравје

Справување со стрес предизивкан од тестови и испрашување кај учениците

Колку знаеме да го препознаваме стресот кај учениците кога имаат тест или испрашување? 

Како да делуваме кога кај некој ученик ќе ги забележиме реакциите на стрес? 

Обуката има за цел на наставниците да им даде техники и алатки за препознавање на различни психички состојби кај учениците  кои се во стресна состоојба како и начини како да постапат на во училница и што може училиштето да направи за поддршка на менталното здравје на учениците.

– Препознавање на начините како се манифестира стресот во училишна средина

– Вештини за справување со ученици кои се под стрес од тест или испрашување

– Начини на организација на работата на училиштето со цел унапредување на менталното здравје на учениците и превенција од стрес

Од наставник-предавач до наставник-комуникатор

Во денешното време и опкружување сведоци сме дека стиловите на нашето живеење влијаат и врз начинот на нашето однесување, но и на нашата взаемна комуникација.

Вештините за комуникација и емпатија и нивната примена, се од клучно значење за развој на меѓучовечките односи и како такви треба да имаат приоритет во воспитно-образовниот процес но и во нашиот секојдневен живот.

Оваа обука се фокусира токму на развојот и јакнење на вештините на комуникација, емпатија и асертивност со цел да се придонесе и поттикне во создавање на позитивното опкружување за учење, овозможи да се создадат квалитетни взаемни комуникациски врски помеѓу наставниците, учениците и родителите и да придонесе во континуираното подобрување на работата на наставниците како воспитувачи.

– Како да се развиваат и јакнат вештини за активно слушање

– Како да се развиваат и јакнат вештини за ефикасна комуникација

– Како да се рзавиваат и јакнат вештини за изградба на емпатијa

Учење во училница: Техники за водење на часови

Младите наставници, најчесто  имаат недостаток на компетенции и вештини за менаџирање на часот во поглед на мотивираност, критичко мислење, учење како да се учи и работа во тим на учениците.Часот не е продуктивен, не се реализираат наставните цели, учениците се досадуваат.

Оваа обука ќе ви понуди механизми и техники со кои вие на ефикасен начин ќе создадете работна и стимулативна средина во која учениците активно ќе учат и нема да се досадуваат на час.Ќе стекнете компетенции за да можете да им помогнете на вашите ученици:

  • критички ќе мислат, 
  • да решават проблеми,
  • да соработуваат,
  • да се самооценуваат.

Најважно од се, ќе имате мотивирани ученици, а вие ќе бидете задоволен наставник.

-Вештини за создавање на работна и стимулативна средина за активно, и независно учење

-Вештини за критичко размислување и решавање проблени

-Вештини за насочувач/фацилитатор

Влијанието на технологијата во наставата

Примената на технологијата во наставата претставува тренд во 21ви век. Но, со се поголемата примена, последиците кај новите генерации се се поголеми.

Дали и во кој обем наставниците ја применуваат технологијата, а во кој обем интерактивната настава? 

Оваа обука ќе ви понуди техники за креативна примена и на технологијата и на интерактивниот метод во наставата, како и согледување на последиците од честата примена на технологијата.

– Вештини за креативна, корисна и безбедна примена на технологијата во наставата

– Вештини за креативна примена на интерактивниот метод во наставата

– Да се препознаат последиците и предностите од примената на технологијата

Креирање задачи базирани на животни ситуации интердисциплинарност во наставата.

Кој вели дека математиката мора да биде бројки и равенки а хемијата тешки дефиниции? 

Преку обуката ќе научите како да користите интердисциплинарни примери на своите часови (на пр. користење на физички вежби по биологија, користење на хемија по англиски итн.)

– Вештини за користење на интердисциплинарен пристап во наставата

– Вештини за креирање задачи за интегративен и рефлективен пристап во наставата

– Вештини за практикување на  дидактика базирана на животни ситуации

Интегрирање на критичкото мислење преку истражување на културата

Во свет во кој милион информации ни се достапни со само еден клик, сепак 

не остануваме имуни на стереотипите и прерасудите, како и на културните 

идентитети кои влијаат на нашето мислење и нашето секојдневно живеење 

и професионално работење. Оваа обука нуди развој на вештини со кои ќе 

можете да станете објективни, свесни и активни слушатели, конструктивно

критични професионалци кои успешно ќе ги пренесат ваквите знаења и 

вештини на своите ученици.

– Вештини за поттикнување, градење и зјаканување на критичкото мислење

– Вештини за развивање на културни компетенции

Употреба и примена на OneDrive во и вон наставата

Примената на дигиталните алатки е неизбежна во професионалните активности на секој наставник. OneDrive е бесплатна опција за прикачување, креирање, чување и споделување на различни документи со ученици и колеги, која секој наставник ја добива автоматски со својата активна @schools.mk адреса. OneDrive нуди пристап до сите документи на еден наставник, како и можност за вклучување од било кој компјутерски уред. Со помош на оваа алатка работата на наставниците се олеснува, а вмрежувањето со учениците и колегите е брзо и едноставно. 

Оваа обука нуди:

  • Основни насоки за практична употреба на OneDrive
  • Начини и можности на користење на OneDrive во и вон наставата

– Вештини за примена и употреба на OneDrive како дигитална поддршка на наставата

Изработка на објективни тестови: методи и техники

Тестовите се неизбежен дел од реализацијата на секоја наставна програма. Тие служат како мерен инструмент, но и како инструмент за вреднување. Не секогаш е едноставно да се направи тест кој ќе ги исполни сите критериуми за квалитет. 

Оваа обука нуди:

  • Методи и техники на креирање објективни тестови
  • Простор за размена на искуства и продлабочување на знаењата

– Продлабочување на знаењата за креирање тестови

– Вештини за примена на критериумите за квалитет на еден тест

– Вештини за креирање на објективни тестови во наставата

Работа со надарени и талентирани ученици

Инклузивното образование ја опфаќа и оваа категорија на ученици. Целта на ова образование е да им се понудат еднакви можности на сите ученици согласно нивите потреби, способности и вештини. 

Оваа обука нуди:

  • Продлабочување на знаењата за работа со овие ученици
  • Запознавање со категориите на ученици со надареност и талентираност 
  • Методи и техники за работа со овие ученици и практични примери

– Методи и техники за препознавање на надарени и талентирани ученици

– Методи и техники за работа со надарени и талентирани ученици

менаџирање на однос со родители

Во последните 10 години родителите се се повклучени во интеракцијата со наставници. Само тоа си носи свои предности но и предизвици.

Преку обуката ќе стекнете вештини за справување со предизвиците кои произлегуваат од влијанието на родителите врз вашата работа, притоа зачувувајќи си го интегритетот и авторитетот како наставник и одржувајќи добри односи со родителите на вашите ученици.

– Вештини за асертивна комуникација

– Вештини за конструктивен дијалог со родители

-Вештини за справување со предизвици кои произлегуваат од улогата и влијанието на родителите

Вклучување на родителите во училишната средина

Колку наставниците се подготвени за соработка со родителите како рамноправни партнери во воспитно-образовниот процес? 

Оваа обука ќе им помогне на наставниците да се стекнат со знаења и вештини за:

– Подрачјата во кои можат да ги вклучат родителите во животот и работата во училиштата;

– Кои се најчестите облици на соработка помеѓу родителите и наставниците; 

– Препораки како наставниците да комуницираат со родителите како рамноправни партнери во воспитно-образовниот систем.

-Вештини за одредувања на подрачјата во кои можат да се  вклучат родителите во училишниот живот;

– Вештини за вклучување на родителите во животот и работата во училиштето (облици на соработка);

– Вештини за комуницирање со родителите;

Интегрирање на професионален развој и кариерно советување во настава

Колку сте подготвени да им помогнете на вашите ученици да го продолжат својот кариерен пат по завшувањето на средното образование? Оваа обука ќе стекнете:

– Техники за работа на кариерен развој на учениците, 

– Дефинирање на кариерен план, 

– Поставување на кариерни цели и креирање на конкретни идни кариерни чекори, користејќи конкретни алатки за кариерно советување.

– Ветшини за кариерно советување на ученици

– Вештини за користење на алатки за кариерен развој на ученици

– Вештини за менторирање на ученици во насока на кариерен развој и советување

Мотивација на ученици во настава (он-лајн и во живо ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ПРО ЧЛЕНСТВО (ВО ЖИВО))

Вклученоста на учениците во наставата игра улога во дефинирањето на нивната оценка, но колку ги мотивираме учениците и поттикнуваме нивно активно учество на часот? Преку оваа обука ќе стекнете вештини, но и конкретни алатки за мотивирање на учениците за активно учење за време на часот, преку нивна поголема вклученост во предавањата.

– Вештини за мотивација на ученици

– Вештини за вклучување ученици во наставата

– Вештини за препознавање на мотивациски фактори кај учениците

предавање на контроверзни теми во училница (он-лајн и во живо за членовите на ПРО ЧЛЕНСТВО (ВО ЖИВО))

Како реагираш кога ќе почне да се зборува за дроги, брак, етнички конфликт, историски личност итн? 

Оваа обука нуди можност за наставниците да научат како да ги предаваат овие теми на часовите и да фацилитираат дискусии со нивните ученици кои ги опфаќаат овие теми.

– Вештини за фацилитирање дискусии

– Вештини за поттикнување критичко мислење кај ученици

– Вештини за предавање на сензитивни теми

Користење на неформални алатки и методи во настава (ОН-ЛАЈН И ВО ЖИВО ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ПРО ЧЛЕНСТВО (ВО ЖИВО))

Веруваме дека неформалното образование има примена во училишните клупи и на часовите. Со оваа обука нудиме конкретни вежби и активности кои ќе ви помогнат на забавен начин да ги вклучите учениците. Преку оваа обука ќе научите

  • Вежби за интеракција со ученици
  • Начини на вклучување на пасивни ученици
  • Моделирање на часот по принцип на неформален пристап

– Вештини за адаптирање на часот на потреби на ученици

– Вештини за користење интерактивни методи на предавање

Подготовка на проектни апликации (он-лајн и во живо ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ПРО ЧЛЕНСТВО (ВО ЖИВО))

Донатори, апликации, обуки, Еразмус+? 

Имаш слушнато за овие нешто но сеуште до крај на ги разбираш?

Преку оваа обука ќе стекнете вештини за развивање на проекти и пишување на проектни апликации за различни донатори кои поддржуваат активности спроведувани пред се од училиштата.

– Вештини за развој и дизајн на проекти

– Вештини за пишување на проектни апликации

– Вештини за препознавање на можностите понудени од донаторите

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИДОБИВКИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД ПАКЕТОТ ЗА МАСТЕР ЧЛЕНОВИ

Обука за тренинг за тренери (тридневна и во живо)

Тренер или обучувач е професија во која едно лице или повеќе лице пренесуваат вештини и знаења за одредена група. Со самото тоа професијата на тренер е компатибилна и со професијата наставник.

Да се биде тренер може да биде предизвикувачка професија. Задачата на тренерот е да направи учесниците навистина учат, а тоа не се случува само по себе.

Да се биде тренер не се учи на ниту еден факултет, туку тоа е контиунирана пракса на самоподобрување преку држење на обуки и учење од тие искуства.

Преку ова тридневно искуство ќе можете да научите;

  • Развивавање на сопствен стил на тренер
  • Подобрување на вокални и презентациски аспекти
  • Насоки за менаџирање на тешки учесници
  • Одржување на динамика во групата
  • Вршење на структурирани рефлексии
  • Развој на тренерска програма
  • Вежби, алатки и материјали за идни тренинзи
  • Персонализиран фидбек за секој учесник

– Вештини за подготовка на тренинг програма

– Вештини за спроведување на тренинг активности

– Вештини за фасилитирање и вадење заклучоци

Обука за Коучинг (дводневна онлајн)

Коучинг (Coaching) најчесто не поврзува со спортот и со подобрување на спортските перформанси. Но во последните години се интензивира неговото користење во сите аспекти на подобрување на продуктивноста.

Коучингот е процес насочен кон подобрување на перформансите на одредено лице (ученик, студент, клиент) и преку него се гради свеста за правење на избори и поттикнување на промени.

 

Преку ова дводневно искуство ќе можете да научите;

  • Модели на коучинг
  • Алатки за дијагноза
  • Алатки за интервенција
  • Поставување на прашања
  • Концепт на Lazy Coach
  • Идентификација на сопствени точки за подобрување
  • Практични сесии со други учесници
  • Еден-на-еден предизвици
  • Задачи за примена на наученото

– Вештини за користење на коучинг алатки, техники и пристапи при работа со индивидуи

Еден-на-еден коучинг сесии (по две за секој наставник кој е дел од Мастер програмата)

Еден-на-еден менторските сесиите се персонализирано искуство преку кое ќе може дополнително да се подобрите на некоја од темите кои се понудени за обука.

Секој наставник ќе има на располагање по две менторски сесии со некој од обучувачите на програмата за темите кои тие ги опфаќаат на нивните обуки.

– Идентификување на сопствени точки за подобрување

Развој на конкретни акции за подобрување на темите кои се понудени за обуки