КОЦКАТА Е ФРЛЕНА! Користење на друштвени игри во наставата
Фокусот на обуката е насочен кон јакнење на социјалните и комуникациските вештини. Прилагодувањето на друштвените игри во функција на наставата ги задоволува индивидуалните воспитно-образовни потреби на сите ученици.
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?
Учесниците од обуката ќе се стекнат со вештини за:
- Трансформирање на друштвените игри во едукативни алатки;
- Организирање активности кои ќе поттикнат комуникација, взаемна помош и споделување на идеи
- Користење на друштвените игри во служба на формативното оценување
ЗАПОЗНАЈ ГО ОБУЧУВАЧОТ
Ирена Младеновска
Дипломиран професор по историја, автор на прирачник „Од домаќинка до државник“, реализатор на работилници кои третираат мултиперспективен пристап во изучувањето на историјата и работа со контроверзни прашања.