Обука за тренинг за тренери и коучинг
Тренер или обучувач е професија во која едно лице или повеќе лице пренесуваат вештини и знаења за одредена група. Со самото тоа професијата на тренер е компатибилна и со професијата наставник.
ОПИС НА ОБУКАТА
Да се биде тренер може да биде предизвикувачка професија. Задачата на тренерот е да направи учесниците навистина учат, а тоа не се случува само по себе.
Да се биде тренер не се учи на ниту еден факултет, туку тоа е контиунирана пракса на самоподобрување преку држење на обуки и учење од тие искуства.
Коучинг (Coaching) најчесто не поврзува со спортот и со подобрување на спортските перформанси. Но во последните години се интензивира неговото користење во сите аспекти на подобрување на продуктивноста.
Коучингот е процес насочен кон подобрување на перформансите на одредено лице (ученик, студент, клиент) и преку него се гради свеста за правење на избори и поттикнување на промени.
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?
Преку оваа обука ќе научиш:
- Вештини за подготовка на тренинг програма;
- Вештини за спроведување на тренинг активности;
- Вештини за фасилитирање и вадење заклучоци;
- Вештини за користење на коучинг алатки, техники и пристапи при работа со индивидуи;
- Модели на коучинг;
- Алатки за дијагноза;
- Алатки за интервенција;
- Поставување на прашања;
- Концепт на Lazy Coach;
- Идентификација на сопствени точки за подобрување;
- Практични сесии со други учесници;
- Еден-на-еден предизвици;
- Развивавање на сопствен стил на тренер;
- Подобрување на вокални и презентациски аспекти;
- Насоки за менаџирање на тешки учесници;
- Одржување на динамика во групата;
- Вршење на структурирани рефлексии;
- Развој на тренерска програма.