Национална конференција за наставници „Иднината на образованието“

🗓️ 20 ноември 2025 | 📍 Ресторан Парк – Скопје | 🕒 10:00 – 16:00 часот

Пет часа.Една визија. Иднината на образованието.

Ве покануваме да се пријавите за учество на Националната конференција за наставници „Иднината на образованието“, прво издание на настан кој ќе стане традиционален простор за размена, инспирација и соработка меѓу наставниците од цела земја.

Оваа година конференцијата ќе го истражува прашањето:
👉 Како изгледа училницата на иднината – и кој е наставникот што ќе ја води?

Преку инспиративни предавања, интерактивни панели, работилници и неформални разговори, 100 избрани наставници ќе учат, ќе разменуваат и ќе создаваат идеи што ќе влијаат на образованието во Македонија.

📋 Пријавување:
Аплицирајте преку следната форма 👉 Апликациска форма 
Рок за пријавување: до 9 ноември 2025 година

Поради ограничениот број места, изборот на учесници ќе се изврши врз основа на апликацијата и мотивацијата на наставниците.

💸 Патните трошоци на избраните учесници надвор од Скопје ќе бидат рефундирани во висина на повратна автобуска карта.

Дозволете си еден ден за инспирација, заедништво и нова перспектива.
Да ја замислиме иднината на образованието – заедно.

Go to Top