Обука за тренинг за тренери и коучинг
Тренер или обучувач е професија во која едно лице или повеќе лице пренесуваат вештини и знаења за одредена група. Со самото тоа професијата на тренер е компатибилна и со професијата наставник.
ОПИС НА ОБУКАТА
Да се биде тренер може да биде предизвикувачка професија. Задачата на тренерот е да направи учесниците навистина учат, а тоа не се случува само по себе. Да се биде тренер не се учи на ниту еден факултет, туку тоа е контиунирана пракса на самоподобрување преку држење на обуки и учење од тие искуства.
Коучинг (Coaching) најчесто не поврзува со спортот и со подобрување на спортските перформанси. Но во последните години се интензивира неговото користење во сите аспекти на подобрување на продуктивноста. Коучингот е процес насочен кон подобрување на перформансите на одредено лице (ученик, студент, клиент) и преку него се гради свеста за правење на избори и поттикнување на промени.
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?
Преку ова четиридневно искуство ќе можете да научите;
- Модели на коучинг
- Алатки за дијагноза
- Алатки за интервенција
- Поставување на прашања
- Концепт на Lazy Coach
- Идентификација на сопствени точки за подобрување
- Практични сесии со други учесници
- Еден-на-еден предизвици
- Развивавање на сопствен стил на тренер
- Подобрување на вокални и презентациски аспекти
- Насоки за менаџирање на тешки учесници
- Одржување на динамика во групата
- Вршење на структурирани рефлексии
- Развој на тренерска програма
- Вежби, алатки и материјали за идни тренинзи
- Персонализиран фидбек за секој учесник