Настани за градење мислења и ставови
Во рамките на програмата, два пати годишно ќе организираме онлајн настани, наменети за наставниците да споделат свои мислења и ставови за значајни образовни прашања и политики. Овие настани ќе претставуваат платформа за конструктивен дијалог и создавање заеднички позиции по клучни теми во образованието.
КАКО ФУНКЦИОНИРААТ НАСТАНИТЕ?
- Наставниците ќе имаат можност да дискутираат за актуелни образовни прашања, предизвици и можности, како и да дадат предлози за подобрување на образовниот систем.
- Дискусиите ќе бидат модерирани, со цел да се поттикне интерактивност и вклученост на сите учесници.
- Собраните идеи и предлози ќе бидат анализирани и консолидирани во документ кој ќе претставува став на заедницата на наставници.