регионални настани за вмрежување
Членовите на Клубот за наставници ќе имаат можност да учествуваат на 5 регионални настани за вмрежување, кои ќе бидат организирани со цел да се поттикне соработката и размената на добри практики и примери во образованието. Овие настани ќе бидат во форма на дискусии, каде ќе се обработуваат релевантни теми поврзани со образованието, а учесниците ќе имаат можност да ги споделат своите искуства и перспективи.
ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД РЕГИОНАЛНИТЕ НАСТАНИ
- Инспиративни дискусии: Темите на панел-дискусиите ќе бидат насочени кон предизвиците и можностите во образованието, како што се иновативни наставни методи, улогата на технологијата во наставата, или креирање на инклузивно образовно опкружување.
- Споделување практики: Наставниците ќе имаат можност да презентираат свои успешни примери и методологии кои можат да бидат применливи и корисни за другите.
- Вмрежување и соработка: Овие настани ќе овозможат создавање на нови професионални контакти, размена на идеи и градење на заедница на наставници кои се подготвени да соработуваат и да се поддржуваат.
- Интерактивност: Покрај панел-дискусиите, ќе бидат организирани интерактивни сесии каде учесниците ќе можат активно да учествуваат во размена на мислења и предлози.