ПРИЗНАНИЈА И НАГРАДИ ЗА НАЈАКТИВНИТЕ НАСТАВНИЦИ
Два пати годишно, во април и јули, ќе бидат избрани најактивните наставници кои се издвојуваат со својот ангажман и влијание.
КАКО ФУНКЦИОНИРА ПРОЦЕСОТ?КАКО ФУНКЦИОНИРА ПРОЦЕСОТ?
- Номинација и евалуација: Наставниците ќе можат да се номинираат самите или да бидат номинирани од колеги. Селекцијата ќе биде базирана на критериуми како што се учество во обуки, организирање на настани, споделување ресурси и поддршка за колеги.
- Панел за избор: Специјално формиран панел ќе ги оценува номинациите.
ШТО ДОБИВААТ НАГРАДЕНИТЕ НАСТАВНИЦИ?
- Финансиска награда: Секој од наградените наставници ќе добие 10,000 МКД како признание за нивниот придонес.
- Сертификат за извонредност: Официјален документ што го истакнува нивниот успех и учество во програмата.
- Промоција: Нивните приказни и достигнувања ќе бидат споделени преку билтени, социјални мрежи и посебни секции на програмските платформи, со цел да ги инспирираат другите наставници.
СПОРЕД КОИ КРИТЕРИУМИ ЌЕ СЕ ИЗБИРААТ НАСТАВНИЦИТЕ?
- Активно учество: Редовно присуство на обуките, организирани од програмата.
- Активен придонес: Придонес на настаните за споделување на мислења и ставови
- Лидерство во настани: Организација или активно учество во локални или регионални настани за наставници.
- Споделување на ресурси: Споделување на ресурси до други наставници во рамки на програмата
- Примена на наученото и дисеминација: Демонстрација за примена на наученото во рамки на клубот на наставниците и негова дисеминација до други наставници.