Можност за дополнителен платен ангажман

Членовите на Клубот за наставници ќе имаат уникатна можност за дополнителен платен ангажман како обучувачи. Еднаш годишно, ќе биде објавен повик за членови кои сакаат да аплицираат и да станат обучувачи за други наставници, со обезбеден финансиски надомест за нивниот ангажман.

КАКО ЌЕ СЕ ИЗБИРААТ ОБУЧУВАЧИТЕ?

  • Ќе биде отворен јавен повик, каде членовите на Клубот за наставници ќе можат да ја искажат својата заинтересираност и да аплицираат.
  • Сите пријави ќе бидат оценети според поставени критериуми, како што се претходно искуство, експертиза во одредена област и способност за споделување на знаење.
  • 5 наставници ќе бидат избрани за ангажман, обезбедувајќи квалитетни обуки за другите членови.